(ВИДЕО) Падна еден од шефовите на големиот балкански нарко картел
Министерот за внатрешни работи на Турција Али Јерликаја соопшти дека во Турција по потерница од Интерпол е уапсен уште еден хрватски државјанин. Тој беше уапсен во Бешикташ.
Станува збор за Кристијан Палиќ, кој е осомничен дека е еден од водачите на западнобалканското крило на меѓународниот нарко картел.
Сина потерница на Интерпол за Палиќ распишаа Бразил, Хрватска и уште неколку европски земји.
Утврдено е дека Палиќ бил еден од водачите на картелот, задолжен за снабдување на Европа со кокаин од Јужна Америка и дека соработувал со картели кои дејствувале во Европа, воспоставил врски со криминални организации во Јужна Америка и имал важна улога во перењето пари стекнати од криминал.
Дел од турските медиуми тврдат дека токму тој бил клучен во овие незаконски активности.
Кристијан Палиќ извесно време бил следен од турските власти и бил уапсен во акција под кодно име КАРТЕЛ-3 во Бешикташ.
Неговото апсење ја нагласува клучната улога на Турција во глобалната борба против прекуграничните злосторства поврзани со дрога, јавуваат турските медиуми.
„Би сакал нашата драга нација да знае дека ние сме решени да ја ослободиме Турција од националните и меѓународните организирани криминални групи и трговците со дрога и со ваша поддршка ќе успееме“, објави Јерликаја на социјалните мрежи.
„Им честитам на нашите херојски полицајци кои ја извршија акцијата. Молитвите на нашиот народ се со вас“, рече министерот.
Ова апсење се очекува да има сериозни последици за западнобалканското крило на нарко картелот.
İstanbul’da düzenlenen "KARTEL-3” Operasyonuyla, İnterpol tarafından
Mavi Bültenle aranan Uluslararası Uyuşturucu Kartelinin “Batı Balkan Kanadı” yöneticilerinden Christijan PALIČ Beşiktaş’ta yakalandıAziz Milletimiz bilmesini isterim ki; Türkiye’mizi ulusal ve… pic.twitter.com/nZnbuIKxYA
— Ali Yerlikaya (@AliYerlikaya) November 19, 2023
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа