ВИДЕО: Нови детали за убиството на мажот кој беше турнат од траект во Грција – сменет главниот капетан на пристаништето

 

 

Главниот капетан на пристаништето на Пиреја и командантот на првиот пристанишен оддел беа сменети неполни 24 часа по трагичната смрт на 36-годишниот Андонис Кариотис на траектот „Блу Хоризонт“.

На грчкиот министер за поморство Милтијадис Варвициотис му беа врачени резултатите од истрагата за убиството на бродот што пловел од пристаништето Пиреја.

По доставувањето на заклучокот, Варвициотис му наредил на шефот на крајбрежната стража да упати на итна дисциплинска контрола четворица раководители на Централната пристаниште Пиреја.

Истрагата за можни други одговорности во врска со пловењето на бродот „Блу Хоризонт“ продолжува.

Екипажот го турна во морето

Човек кој се обиде да се качи на траект што пловел од грчкото пристаниште Пиреја се удави откако членовите на екипажот го турнаа од рампата на траектот.

На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како членовите на екипажот се расправаат со 36-годишен маж на рампата на траектот додека се движел од Пиреја кон островот Крит, објави Ројтерс.

Варвициотис рече дека мажот, кој купил билет во вторникот, се симнал од траектот од непознати причини, а потоа се обидел повторно да се качи, по што членовите на екипажот го турнале и паднал во морето додека траектот се движел.

Тој додаде дека поради инцидентот се приведени четири лица и дека обвинителот го истражува случајот.

Сопственикот на фериботот, Атика Груп, рече дека неговото раководство е „шокирано од трагичниот инцидент“ и дека соработува со властите за да помогне да се расветли случајот.

07.09.2023 - 19:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега