ВИДЕО: Напаѓачот од Перм пред масакрот се огласил на интернет - „Ќе убијам што повеќе можам“

Локалните медиуми го идентификувале напаѓачот во Универзитетот во Перм, како 18-годишниот Тимур Бекмансуров.

Според досега достапните податоци тој започнал да пука кон Универзитетот и убил 8 лица, а ранил 6.

Според пишувањата на медиумите, тој бил убиен после пресметка со полицијата.

Timur Bekmansurov, Perm, pucnjava, Rusija, Univerzitet u Permu

На објава на социјалните мрежи напишана непосредно пред нападот, Бекмансуров го објаснил процесот на добивање дозвола за пукање и носење оружје, после очигледно успешно положените психијатриски тестови и рекол дека го избрал Универзитетот затоа што пред 4 години направил сериозна грешка.

Се чини дека текстот покажува млад човек во тешка ментална состојба.

„Колку што се познавам себеси, уште мислам на смрт“, стои во текстот. „Не знам колку можам да убијам, но ќе направам се што повеќе да земам со себе“.

20.09.2021 - 11:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа