ВИДЕО: Најмалку четворица загинати и 43 повредени во напад на родниот град на Зеленски
Најмалку четири лица загинаа, а 43 се повредени во руски напад на станбена зграда во Криви Рих, во централна Украина, според извештајот на украинското Министерство за внатрешни работи, а проруските власти во Донецк исто така пријавиле загуби во своите редови.
„Русите го погодија градот со две ракети, од кои едната уништи неколку ката од станбена зграда“, напиша министерот Игор Клименко во пораката на „Телеграм“. „Четири лица загинаа, а 43 се повредени“, рече тој во новиот извештај напладне додавајќи дека тројца жители се спасени, а 30 се евакуирани.
Меѓу загинатите има и десетгодишно дете, изјави гувернерот на регионот Днепропетровск, Сергеј Лисак. Вториот проектил ја погодил зградата на образовна установа, изјави министерката за внатрешни работи.
„Удрија во станбени згради, универзитетска зграда, раскрсница. За жал, има мртви и повредени. Можеби има луѓе под урнатините“, коментира на „Фејсбук“ украинскиот претседател Володимир Зеленски осудувајќи го рускиот тероризам.
Зеленски израснал во тој град, познат по производството на челик, кој пред војната имал околу 600.000 жители.
„Овој терор нема да нѐ исплаши, ниту да нѐ скрши. Ние работиме и го спасуваме нашиот народ“, напиша тој на „Телеграм“.
Службите за итни случаи се на терен и го гаснат пожарот и се обидуваат да ги пробијат урнатините, соопшти Министерството.
Part of the building in Kryvyi Rih that was hit by a Russian missile today, fell down even more. The moment was captured on video.
As of now, four people have been confirmed dead, including a 10 year old child.
53 people injured - regional military administration. pic.twitter.com/TN8sI46aNF— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) July 31, 2023
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа