(Видео) Мајка со апел до Путин: Ако мојот син е убиен во Украина, вратете ми го телото

 

На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа како мајка му се моли на рускиот претседател Владимир Путин за информации за нејзиниот син војник за кој ѝ е кажано дека е убиен додека се борел во војната во Украина. Видеото на „Твитер“ го сподели и Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи.

Жената го почнува видеото со обраќање лично на Путин пред да го каже името на својот 20-годишен син и неговиот датум на раѓање. Таа раскажува како бил мобилизиран од рускиот град Нижневартовск во септември минатата година и дека оттогаш се борел на руска страна во војната против Украина.

Тврди дека на 18 јули добила телефонски повик од неговата единица, во која ја известиле дека ѝ син бил убиен два дена претходно.

„Потоа слушнавме три приказни за смртта на нашиот син. Тоа е како да го однеле, но не се знае каде го однеле“, опишува таа.

Нагласува дека моментно нема никаков контакт со единицата на нејзиниот син и дека на нејзиниот поранешен сопруг командантот на единицата му кажале дека имало инцидент, во кој била крената опремата во воздух, што резултирало со смрт на нивниот син и уште едно лице.

Меѓутоа, мајката вели дека командирот признал дека не можел да ја потврди смртта на младиот човек 100 отсто затоа што не видел. Таа истакнува дека контактирала со канцеларијата за регрутирање во Нижневартовск и тие и ветиле дека ќе проверат што се случило.

„Канцеларијата наводно контактирала со единицата, но нема официјални информации за смртта на нашиот син“, вели таа.

Наведува дека напишала до кабинетот на претседателот, военото обвинителство и до пратениците во Нижневартовск барајќи го телото на нејзиниот син и информација дали е мртов.

„Ако мојот син е убиен, ве молам вратете ми го неговото тело, за да го оплакувам како мајка“, апелира таа.

Таа се пожали дека не добила одговор од ниту една служба на која ѝ пишала и дека не ѝ одговараат на телефонските повици.

„Значи, мојот 20-годишен син е во средината на никаде. Мислам, го одведоа. И не може да ми кажат каде е. Едноставно не можам да го разберам тоа“, вели таа.

„Ако другарите го ставиле во автомобил и го однеле некаде, зошто никој не може да ни одговори?, прашува таа. Мајката со апел до Путин за помош посочувајќи дека тој како врховен командант на земјата е „одговорен за сите овие момци“.

03.08.2023 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега