(Видео) Мајка случајно си го прегазила синот во Белорусија додека тој влегувал во автомобилот
Пред неколку дена во селото Копис кај Минск, Белорусија, мајка со својот автомобил си го прегазила својот петгодишен син. Локалната полиција објави снимка од надзорните камери, кои го покажуваат ужасниот момент како предупредување до родителите.
На почетокот на видеото момчето стои до задната врата на автомобилот. Додека тој се обидува да влезе во него, мајка му почнува да вози, а во следниот момент тој паѓа на подот и задното тркало од автомобилот го прегазува. Кога мајката забележала дека тој лежи на подот, излетала од автомобилот, но заборавила да закочи.
Момчето со многубројни повреди било пренесено во болница, каде што му е укажана потребната лекарска помош.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа