(Видео) Криминалистичка операција против сексуалната експлоатација на деца во балканскиот регион
Од почетокот на овој месец беше спроведена голема заедничка операција наречена „Мозаик 2023“ против сексуалната експлоатација на деца во балканскиот регион, во која учество зема и Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, преку Секторот за компјутерски криминал. Акцијата беше предводена од словенечката национална полиција и координирана од Европол во рамките на Европската мултидисциплинарна платформа против криминални закани (EMPACT).
Целта беше да се идентификуваат и уапсат луѓе кои користат онлајн форуми и апликации за пораки за споделување и дистрибуција на материјали за сексуална злоупотреба на деца. Земјите од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Република Северна Македонија, Црна Гора и Србија – Словенија, Хрватска и Унгарија спроведоа низа дејствија за извршување во периодот од 6 до 17 ноември, при што се направени 41 истраги кај 39 осомничени во целиот регион, при што се запленети 200 електронски уреди, изјави портпаролот на МВР.
„Европол ја олесни размената на информации меѓу сите вклучени земји и дополнително ја подобри оперативната слика во регионот со вкрстена проверка на запленетите податоци и обезбедување разузнавачки пакети за продолжување на истражната работа во овој регион и пошироко.
Полициските службеници од Секторот за компјутерски криминал при МВР активно беа вклучени во операцијата „Мозаик 2023“ и во координација со Основно јавно обвинителство Скопје и Основен кривичен Суд Скопје успешно реализираа два претреси во периодот од 13.11.2023 до 17.11.2023 на подрачјето на Скопје при што беа одземени 12 компјутерски уреди, односно: три десктоп компјутери, три лаптоп компјутери, еден харддиск, еден УСБ стик, една мемориска картица и четири мобилни уреди. Исто така, беа извршени информативни разговори со пет лица.
Во рамките на EMPACT, Словенија, Хрватска, Унгарија и Европскиот центар за компјутерски криминал на Европол се здружија за да основаат експертска мрежа на Западен Балкан со цел да ја зајакнат прекуграничната соработка во борбата против сексуалната злоупотреба на деца. Превентивната кампања на Европол „Кажи не!“ е достапна за сите земји во регионот на Западен Балкан.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа