(ВИДЕО) Исплашена мечка бегаше од автомобили, снимена на патот кон Битуше

 

Meчка беше забележана додека бега на патот од селото Велебрдо према Битуше, во општината Маврово и Ростуше.

Како што може да се забележи на видеото снимено од автомобил во движење, животното трча по тесниот пат, за најпосле да навлезе во шумата покрај асфалтот.

Случајот со мечките во Марвово и Росуште се актуелизираше повторно минатот месец, откако мештаните во Галичник предупредија на зголемено присуство.

Галичаните ги повикаа надлежните да дејствуваат бидејќи мечки во повеќе наврати им влегуваат во селото и претураат по контејнерите.

Во апелот до институциите, од месната заедница во Галичник беше посочено дека кај населението постои страв, но не бараат дозвола за отстрел.  Според нив, тоа треба да биде последна опција за решавање на проблемот.

Кажаа и дека се работи за чиста среќа што досега нема повреда на населението, но ризикот не е исклучен, па затоа неопходно е да се преземе нешто.

09.08.2023 - 22:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега