(ВИДЕО) Инцидент на мечот Шкупи - Левски: Уапсени бугарски навивачи, се тепаа со полицијата

 

 

На помалку од еден час до почетокот на мечот меѓу Шкупи и Левски Софија, бугарските навивачи влегоа во конфликт со македонската полиција, пренесува порталот Спорт1.мк“.

При влезот на стадионот ситуацијата ескалирала па дошло до физичка пресметка. На видеата објавени од порталот се гледа како летаат шишиња со сок или пиво, па и некои покрупни предмети.

Полицијата ги уапсила навивачите и ситуацијата се смирила.

Натпреварот меѓу Шкупи и Левски почна во  21 часот, прв од двата предвидени меѓу овие клубови, во рамки на второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА.

27.07.2023 - 21:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега