(ВИДЕО) Хорор во Грција: Гори туристички брод со 82 лица, патниците скокале во морето за да спасат „жива глава“

 

Туристички брод со 82 патници се запали на грчкиот остров Родос.

Патниците се спасени и се на брегот.

Во тек е голема мобилизација на службите поради пожарот.

На лице место има и две возила на Брзата помош, а за инцидентот биле известени и Капетанијата на пристаништата и Противпожарната служба.

Првите извештаи покажуваат дека 82-та патници немаат сериозни повреди, бидејќи повеќето од нив го напуштиле бродот скокајќи во морето оти бил многу блиску до брегот, пренесува „Skai.gr“.

Како мерка на претпазливост, спасувачите кои се таму од првиот момент им пружаат прва помош на патниците.

На местото на настанот е испратен противпожарен хеликоптер.

29.06.2023 - 20:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега