ВИДЕО: Хирурзи во Киев сред операција на срце останаа без струја

 

Вчерашниот насилен руски ракетен напад врз Киев им предизвика големи проблеми на лекарите кои беа принудени да работат во моменти кога снема струја во голем дел од градот.

Во Киевскиот институт за срце персоналот беше на сред операција на срце кога снема струја. Биле принудени да ги вклучат генераторите за да можат да продолжат со операцијата од која зависеше животот на пациентот, пренесува Индекс.хр.

Борис Тодуров, директор на болницата, вели дека се спасени сите 190 пациенти на Институтот.

„Неколку часа сме без вода. Се снаоѓаме, но како одминува времето станува сè потешко. Продолжуваме да правиме само итни операции“, објави тој.

 

24.11.2022 - 13:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега