(ВИДЕО) Директорот на затвор „Идризово“: Затворениците спијат по ходници
Новиот директор на затворот „Идризово“ Зоран Јовановски во денешното гостување во Макфакс изјави дека кога дошол на фунцкијата пред околу еден месец, затекнал затвореници кои спиеле по ходници. А сега, како што кажа таа бројка била сведена на минимум.
Јовановски посочува дека дошол во „Идризово“ за од криминогена, установата да ја направи продуктивна. Прашан што видел кога првпат влегол во затворот, одговара: „Прво не знаеш дали во кругот се вработени во установата или се осудени лица“.
Јовановски одговара што претходело на заканите за палење на автомобилите на затворските полицајци и како може заканите да се испраќаат од затворениците. Затворот кубури со кадар – отворени боледувања, земени одмори, откази.
Зборува за третманот на Катица Јанева и Гордана Јанкулоска, но и други високопрофилни личности. Ексобвинителката излага на викенди, ексминистерката е затворена во четири ѕидови поради Правилникот. Прашан дали е ова фер, одговара: „Не“.
Директорот признава дека е скандалозен затворскиот систем па вели: „Наидов на многу проблеми, може да се решат доколку има слух и разбирање од институциите“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа