(Видео) „Четири земји би можеле да бидат во опасност ако Украина падне“, вели Зеленски
Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека четири земји би можеле да бидат во опасност доколку Украина падне. Во видеото што го објави советникот на министерот за внатрешни работи на Украина, Антон Герашченко, Зеленски вели дека четирите балтички земји би можеле да бидат следната цел на рускиот претседател Владимир Путин.
„Литванија, Летонија, Естонија, Молдавија може да бидат следни. И тоа е сигурно ако не издржиме“.
Зеленски вчера ненадејно отпатува за Литванија, а во наредните денови треба да ги посети Летонија и Естонија. Тој во Литванија се заблагодари за новиот одобрен пакет-помош за Украина потсетувајќи дека Русија во последните неколку месеци веќе им се закани на некои земји, пишува „Индекс.хр“.
„Неодамна слушнавме дека почнале да зборуваат за Финска, почнале да зборуваат за независноста на Узбекистан и така натаму. Путин нема да запре додека колективно не го спречиме“, рече Зеленски.
Путин ѝ се закани на Финска дека ќе има проблеми доколку влезе во НАТО, а по Финска, во НАТО треба да влезе и Шведска, која исто така неодамна ги предупреди своите граѓани за зголемен ризик од војна.
"Lithuania, Latvia, Estonia, Moldova may be next. And it is certain if we do not withstand. We have heard recently that they have started talking about Finland, they have started talking about the independence of Uzbekistan, and so on. He [Putin] will not finish this until we… pic.twitter.com/dQbqihEsbv
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) January 10, 2024
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа