ВИДЕО: Цела зграда поплавена во Аеродром – водата течеше и на приземјето во салон за бела техника
Силното невреме кое попладнево го погоди Скопје очигледно ги извади на виделина сите слабости на системот и неквалитетот со кој се прават одредени објекти во главниот град. Паднати кровови, дрвја, затворени улици поради големата количина вода.
Но, по се изгледа најлошо поминаа станарите од зградата кај Мајчин дом. На социјалните мрежи објавени се низа видеа на кои се гледа како вода тече буквално од секаде, скалите во ходниците, цефките, па дури и на приземјето кадешто се наоѓа еден салон за бела техника.
На социјалната мрежа Твитер се појавија и шеги со оглед на цената по која се продаваа становите во овој објект. Дел од шегите беа дека за 1.500 евра за квадратен метар може да добиете и гратис базен. Но, по се изгледа на станарите не им е до шега, со оглед на тоа што само тие самите знаат како ќе ја поминат ноќта.
Кај Мајчин Дом зградата на ЗСФ, 1500 евра квадрат со гратис базен. pic.twitter.com/G7mbEZWgEI
— Ферчина (@_ferchina_) August 30, 2022
Зградата која има 248 станбени единици ја следеа низа контроверзии уште пред да почне да се гради, па дури и за време на нејзината градба. Поради страв од еколошки последици во јавноста имаше реакции. Дури и жителите на околните објекти протестираа против нејзината изградба, но залудно.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа