(ВИДЕО) Армискиот тим дел од спасувачката екипа која го извлече 5-годишниот Сулејман од под урнатините
Армискиот тим, кој е ангажиран во активностите за пребарување на теренот, пронаоѓање и извлекување на евентуално преживеаните во градот Кахраманмараш во попладневните часови асистираа во успешна успешно спроведена акција на спасување на млад човечки живот од рушевините.
„Нашиот армиски тим по сознанијата дека се слушнати гласови под рушевини по што по 6 часовно расчистување на рушевините слушнале детски глас по што заедно со турскиот тим за пребарување и по четири часовното максимално ангажирање успеале да го извлечат пет годишниот Сулејман од рушевините“, стои во соопштението на Армијата , испратено до медиумите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа