(ВИДЕО) Апсења за нападот врз градоначалникот на Истанбул: Демонстранти фрлаа камења по него на предизборен митинг

 

 

Повеќе од 10 лица се приведени поради насилство на митингот на опозицијата во источниот турски град Ерзурум овој викенд, соопшти денеска турското Министерство за правда.

Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, од главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП), говореше од врвот на автобусот во неделата, кога група од околу 200 противници на митингот почнале да фрлаат камења.

АП пренесува дека на видеото се слуша Имамоглу како вика: „Гувернер на Ерзурум, ќе поднесам кривична пријава против тебе“.

Потоа, придружбата на Имамоглу го качува во автобусот кој тргнува, а полицијата со водени топови ги растерува демонстрантите.

Гувернерот на Ерзурум, Окај Мемиш изјави дека во инцидентот се повредени седум лица, додека министерот за правда Бекир Боздаг објави дека истрагата е во тек и дека 13 лица се приведени.

08.05.2023 - 16:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега