ВИДЕО: Ангелов бара пешачки премин или изградба на кружен тек кај трговскиот центар Џевахир


Граѓаните на скопската населба Аеродром имаат потреби кои беа упатени до Центарот за управување со кризи (ЦУК), а кои се потоа доставени како барање до Град Скопје за најбрзо што може да се уреди еден пешачки премин или изградба на кружен тек на булеварот Србија кај трговскиот центар Џевахир. Од ЦУК сметаат дека пешачки премин нема да го реши најдобро проблемот, но за тоа ги повикуваат стручните лица од сообраќајната област тоа да го решат.

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов до медиумите испрати видео изјави во непосредна близина на булеварот Србија, пред новоотворениот Џевахир Мол, којшто е дел од комплексот Скај сити, што е составен од четири облакодери, а се заблагодари на Градот Скопје за брзите реакции по нивните досегашни укажувања.

Во видеото тој барањата ги поткрепува со тврдења дека поради минување на граѓаните на необележаните улици, тие се изложуваат на опасности.

25.05.2024 - 11:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега