ВИДЕО: Ајкула пливаше близу брегот на Флорида, капачите веднаш избегаа
Капачите кои уживаа на плажа во Флорида имаа непријатна средба бидејќи голема ајкула се појави многу блиску до нив.
Ајкулата беше забележана на 3-ти јули во одите кај плажата Навара, Флорида.
На едно од објавените видеа се гледаат луѓе во плиткото, како и перките на ајкулата кои пливаат многу блиску до нив.
„Излези од вода“, „побрзај, побрзај“, извикуваа луѓето.
Неколку моменти подоцна ајкулата исчезнала од видното поле.
„Каде отиде, каде отиде. Се уште има луѓе во вода“, беа дел од коментарите додека се повеќе луѓе бегаа на плажата.
Засега нема официјални информации за каква ајкула се работи, но тие често се појавуваат покрај брегот на Флорида и во заливите. Најчесто се хранат со риби и не ги сметаат луѓето за плен, но има случаи на каснувања.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа