Велешките пожарникари се вратија од спасувачката мисија од Турција
Петмината велешки пожарникари Димче Јованов, Кире Диковски, Александар Јолдашев, Рамадан Адилов и Роберто Шакиров доцна синоќа се вратија во Велес од Турција, каде учествуваа во спасувачка мисија за пронаоѓање и извлекување на луѓе под урнатините од катастрофалниот земјотрес што го погоди јужниот дел на Турција минатата недела.
Како што информираат од Општина Велес, тие денеска остварија средба со градоначалникот Марко Колев.
- Велес е горд на своите граѓани кои несебично дадоа свој придонес за справување со последиците од катастрофалниот земјотрес,потенцираат од Општина Велес.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа