Велешанка го ограбила поранешниот партнер

 


Вчера во 10.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода 43-годишната Ц.Л. од Велес поради сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Според пријавеното, од домот на 62-годишниот С.Д. од Велес, со кој претходно била во врска, одзела пари, извести МВР.

Таа е приведена во полициска станица, бил известен јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

29.02.2024 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега