Велешани по 17 ипол години повторно ќе имаат Градско кино
Со проекцијата на филмскиот хит „Аватар патот на водата“, вечерва од 18 часот во салата „Бели Мугри“ во Велес започнува со работа Киното од Свети Николе „3Д Kиноверзум .Во 21:30 часот е американскиот филм „Бабилон“ со Брет Пит. Со тоа велешани по 17 и пол години повторно ќе имаат Градско кино. Градското кино „11 Октомври“ во строгиот центар на Велес, работеше до август 2005 година.
3Д киноверзум Велес“ го најави репертоарот за следните седум дена. Утре, петок од 17 часот е детскиот филм „Неверојатниот Морис“ од 19 часот е „Меган“. Утревечер во 21 часот е повторно „Аватар-патот на водата“, кој ќе биде прикажан и во сабота и недела од 18 часот и во вторник од 21 часот.
Новото Градско Кино во Велес со најсовремена дигитална опрема, според највисоки светски стандарди со инвестиција на Општина Велес од 76.430 евра, сместено во салата „Бели Мугри“ на локалната библиотека беше отворено на 11 октомври 2020 година. Тогаш, истата вечер, премиерно беше прикажан домашниот филм „Стела“ со две проекции, по што киното стои затворено две години и три месеци.
По бројните барања и реакции на велешките љубители на киното, истото да биде ставено во функција, локалната власт одлучи киното да го издаде на управување преку јавен повик. На три години користење салата „Бели Мугри“ сместена во Локалната библиотека каде е новото кино, ја доби Киниверзум 3Д од Свети Николе.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа