Велешанец и малолетник затекнати при купопродажба на дрога

 


Вчера полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес ги лишиле од слобода М.Ц.(34) и малолетник, двајцата од Велес, затоа што биле затекнати при купопродажба на зелена растителна материја.

Подоцна, со судска наредба бил извршен и претрес во домот на М.Ц., при што биле пронајдени и одземени зелена растителна материја и две дигитални ваги.

М.Ц. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

17.10.2024 - 11:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега