Вчера имало 42 пожари, активни се 11
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во текот на изминатото деноноќие (17/18.08.2024 година), имаше вкупно 42 пожари на отворен простор, од коишто во моментов 11 се активни, шест (6) се под контрола и 25 се изгаснати. Инаку, имаше 2 342 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, од коишто „реални“ повици беа 53,80%, а за други случаи коишто не се итни беа 46,20%.
Активните 11 пожари се во:
1. Општина Македонски Брод: Јасен – кај викенд населба „Белица“ (борова шума);
2. Општина Ресени и Општина Охрид: Галичица, на исток во правец на селата Лескоец и Стење, општина Ресен (локализиран), додека на Охридска територија на запад кон месноста Војтино и на север кон планинарска куќа (нискостеблеста вегетација и букова шума);
3. Општина Долнени 1: с.Дебреште, крак кон с.Зрзе, како и крак кон с.Крапа, Општина Македонски Брод (нискостеблеста деградирана шума, сува трева);
4.Општина Кичево: с.Цер, планина Лубин (проширен е кон селата Брезово и Зашле, Општина Демир Хисар (нискостеблеста деградирана шума, сува трева и ниска вегетација);
5. Општина Пласница: с.Пласница – с.Латово, Македонски Брод (нискостеблеста вегетација);
6. Општина Дебар: с.Гари на планина Стогово (мешана шума);
7. Општина Чашка: с.Мокрени (нискостеблеста дабова шума и високо квалитетна дабова шума);
8. Општина Долнени: с.Небрегово (ниска вегетација) – префрлен од Општина Чашка на планината Мукос;
9. Општина Пробиштип 1: с.Неокази (борова шума и сончеви панели);
10. Општина Пробиштип 2: с.Трипатанци – с.Бунеш (нискостеблеста шума) и во
11. Општина Маврово-Ростуше: с.Врбен (мешана шума).
Под контрола се шест (6) пожари на отворено, во:
1. Општина Кичево: с.Патеец – с.Козичино – с.Дупјани, проширен кон с.Горно Крушје, Општина Македонски Брод (борова и букова шума);
2. Општина Новаци: с.Полог – Брник –Рапеш – Паралово (ниска вегетација, деградирана шума);
3. Општина Македонски Брод: с.Девич, м.в.Вртешка (мешана шума);
4. Општина Демир Хисар: Илинска-Плакенска Планина, кај селата Вирово и Слоештица (ниска вегетација);
5. Општина Делчево: Депонија Делчево (депонија) и во
6. Општина Чашка: с.Папрадиште и с.Ореше (мешана шума).
Изгаснати се 25 пожари, во:
1. Општина Македонска Каменица: с.Цера (мешана шума);
2. Општина Маврово-Ростуше: врв Кораб (нискостеблеста вегетација), префрлен од Р.Албанија – врнежи од дожд;
3. Општина Валандово 1: с.Казандол, м.в. Чештово (нискостеблеста шума, прнар, сува трева);
4. Општина Валандово 2: с.Удово (стрниште и сува трева);
5. Општина Василево: м.в.Карбино (ЗИК Слобода) према с.Владевци (нискостеблеста шума, стрништа, сува трева, грмушки);
6. Општина Тетово 1: с.Бродец (депонија);
7. Општина Тетово 2: некогашен поправен дом (сува трева);
8. Општина Јегуновце: с.Туденце – с.Сиричино (депонија);
9. Општина Гостивар 1: с.Чајле – с.Форино (сува трева);
10. Општина Гостивар 2: с.Чајле – с.Форино (сува трева);
11. Општина Велес: с.Црквино (сува трева и трње);
12. Општина Росоман: с.Сирково (нискостеблеста шума и сува трева);
13. Општина Сарај 1: с.Кондово (сува трева);
14. Општина Сарај 2: с.Грчец (депонија);
15. Општина Аеродром: ул.Симеон Кавракиров (ѓубре, гранки и сува трева);
16. Општина Центар: ул.Козара (ѓубре);
17. Општина Битола 1: нас.Баир (нискостеблести растенија и сува трева);
18. Општина Битола 2: с.Кишава (сува трева);
19. Општина Прилеп: сВолково, с.Прилепец (сува трева);
20. Општина Кочани 1: с.Небојани (сува трева);
21. Општина Македонски Брод: с.Грешница (мешана шума);
22. Општина Струга: с.Ложани (стрниште);
23. Општина Куманово: с.Черкезе (сува трева и стрниште);
24. Општина Кочани 2: Пониква (сува трева) – удар на гром во дрво и во
25. Општина Крива Паланка: На потегот Крива Паланка - Саса, м.в.Царев Врв (мешана шума).в (мешана шума)
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа