Вагнеровец изврши масакр во Русија: Го пуштиле од затвор да се бори во Украина, а потоа дивеел
Во две одвоени куќи се пронајдени телата на пет мажи и една жена со убодни рани и сериозни изгореници, пишува Дејли мејл. Телата биле пронајдени во откако куќите биле зафатени од пожар во село во северниот руски регион Карелија. Според руските органи на прогонот, сторител е поранешен затвореник кој учествувал во војната во Украина
Игор Софонов (38), криминалец повратник, бил регрутиран да учествува во војната во Украина. Неговиот наводен „содружник“ во криминалот, кој исто така бил во затвор за тешки кривични дела, се вика Максим Бочкарев (37). И двајцата првично беа притворени два месеци под сомнение за убиство, соопшти Рускиот истражен комитет. Бочкарев и Софонов, наводно, претходно биле осудени за убиство, силување, грабеж и поседување дрога.
Инспекторите, пак, се сомневаат дека куќите се запалени за да се сокрие масакрот, а на видеото се гледаат уништените куќи по пожарот.
Константин Лонин (42), неговиот брат Дмитри (47) и Владимир Сергеенко (76) се меѓу загинатите во куќа во селото Деревјаноје. Во истата куќа била и жена по име Светлана (38). Телата на Владимир Терешченко (70) и неговиот син Артјом (39) се пронајдени во друга куќа, на улицата „Пријателство“. Децата на Артјом скокнале од прозорецот кога натрапниците упаднале и тргнале заедно со нивниот дедо да алармираат во соседната куќа. Децата сега се безбедни, но нивниот дедо бил убиен заедно со неговиот син кога подоцна пристигнал на местото на настанот.
Некои извештаи сугерираат дека Софонов служел за платеничката војска на Вагнер. Тој беше пуштен дома пролетта, се вели во извештаите. Двајцата осомничени биле во состојба на „екстремна интоксикација“ кога биле приведени, а учесникот во злосторството бил опишан како „силен и висок маж“, пишува Дејли мејл.
Русите изразија длабока загриженост за поранешните борци осудени за војна, кои Путин ги помилува како награда за борбите и им дозволи да си одат дома.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа