„Вагнер не постои“: Путин им понудил на платениците на оваа група да влезат во редовната армија

 

Рускиот претседател Владимир Путин изјави во интервју дека на платениците од групата „Вагнер“ им понудил можност да продолжат да служат во редовната руска армија.

Путин, интервјуиран од рускиот дневен весник „Комерсант“, рече дека понудата ја дал на состанокот со членовите и нивниот основач Евгениј Пригожин кон крајот на минатиот месец, пет дена откако „Вагнер“ започна неуспешен бунт против руската воена хиерархија.

Бунтот заврши со тоа што Москва им понуди можност на борците на Пригожин да се населат во соседна Белорусија.

Тој, исто така, рече дека останува на рускиот парламент и владата да разговараат за правната рамка за приватните армии.

„Вагнер не постои“, изјави Путин за весникот. „Не постои закон за приватни воени организации. Тој едноставно не постои“, рекол рускиот претседател, пренесува Ројтерс.

14.07.2023 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега