Ужас во Гази Баба: Дете е прободено со нож пред училиште од свој врсник
На 16.02.2024 во 16:46 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет бил донесен малолетник од Скопје.
Според пријавеното, тој бил повреден од друг малолетник пред основно училиште на подрачјето на Гази Баба.
Предметот бил пронајден, а со малолетникот бил извршен службен разговор.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.
18.02.2024 - 11:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа