Утре започнува 59. Минхенска безбедносна конференција

Утре во Минхен ќе започне 59. Минхенска безбедносна конференција, на која ќе учествуваат голем број високи меѓународни претставници, шефови на држави и влади, министри, како и претставници на меѓународни организации и граѓански сектор. 

Во текот на трите дена од конференцијата во хотелот „Бајеришер Хоф“ во Минхен, учесниците ќе разговараат и за најголемите предизвици на надворешната и безбедносната политика. 

„Клучната тема на овогодинешната безбедносна конференција ќе биде руската инвазија врз Украина, како пресвртница во глобалната политика и најголемиот европски безбедносен предизвик, како и други прашања“, најавија организаторите. 

16.02.2023 - 20:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега