Утре во Прилеп по 16-ти пат ќе се одржи поетската манифестација Поетско Маркукуле

 

Утре во Прилеп ќе се одржи 16. издание на поетската манифестација, Поетско Маркулкуле.

„На овогодинешната манифестација пријавени се 220 учесници кои претходно ги испратија своите авторски творби и се дел од  зборникот „ ПОЕТСКО МАРКУКУЛЕ 2023“.

На 268-те страници од овој зборник има 220 песни на поети од 14 земји, меѓу кои секако најбројни се поетите од Македонија и од Прилеп како домаќин на оваа традиционална меѓународна поетска манифестација.Авторите се поделени во три категории и тоа: Домашни автори, Странски и автори од дијаспората и Млади автори до 18 години. Во првата категорија зедоа учество 162 автори, во втората 38 автори, а во третата 20 млади автори. Од странските земји ќе ги споменеме: Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Австрија, Австралија, Германија, Бугарија, Турција, Ерменија, Полска, Украина и Канада.“- стои во соопштението од Клубот на литературни творци во Прилеп.

-На настанот кој ќе се одржи на 12-ти Август со почеток во 18.00 часот на Камената бина во центарот на Прилеп, се очекува да присуствуваат околу 150 учесници и гости. Што се однесува на странските автори, своето присуство го потврдија најмалку 13 учесници.

Клубот на литературни творци Прилеп организацијата на Поетско Маркукуле ја презеде во 2019 година, после откажувањето од страна на дотогашниот организатор ЈОУ Градска библиотека Борка Талески.

Оваа година покровители се Општина Прилеп, Министерството за култура на РМ, Магрони доо Скопје, ПИ Витаминка Прилеп и др.-  додаваат од Клубот.

Првото издание на оваа манифестација се одржало во 2007 година по иницијатива на прилепчанецот Љубен Димкароски Димкар.

11.08.2023 - 18:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега