Утре пристигнуваат два хелихоптери од Словенија и по еден од Србија и Црна Гора – веднаш ќе се приклучат кон гасењето на пожарите
Два хеликоптери од Словенија и по еден од Србија и Црна гора утре ќе се приклучат кон гаснењето на пожарите ширум земјава. Претптладнево пристигнаа еден хеликоптер и два „ер-трактори“ од Турција.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски го свика Управувачкиот комитет за координација на системот со управување со кризи. На состанокот присуствуваа министрите за одбрана, Владо Мисајловски и за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски, како како и раководителот на Групата за процена на ризиција и опасности Стојанче Анѓелов,
На седницата, како што информираат од МВР, се утврдила потребата да се активираат меѓународните механизмо за обезбедување на помош во водухоплови, кои ќе се вклучат во гасењеето на пожарите кои деновиве ја зафатија државата.
-Министрите изразија благодарност до пријателските земји кои ни помагаат во справувањето со огнената стихија, информира МВР.
Двата турски „ертрактори“, заедно со двата „ертрактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) денеска се приклучија кон гасење на пожарот во Општина Ново Село во непосредна близина на границата со Бугарија на планината Огражден, а хеликоптерот испратен од Турција ќе им се приклучи на полицискиот и армискиот хеликоптер кои во моментов интервенираат на пожарот на планината Серта.
Фокус во текот на денот, како што рече директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, ќе биде ставен на овие два пожара.
Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ денеска најави дека Србија ќе и испрати на Северна Македонија хелихоптери за гаснење на пожарите.
Од вкупно 26 на територија на државата, во последното деноноќие активни се девет пожари, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Но, во некои случаи, под еден активен пожар се подразбираат и неколку помали во ист реон.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа