Уште двајца полицајци под истрага за нападот: Бодигардот на Мицкоски во аут
Уште двајца полициски службеници се под истрага за инцидентот во кој лице од обезбедувањето на опозицискиот лидер Мицкоски, инаку вработено во МВР, во кафеана нападна свои колеги полициски службеници.
„Утрово сум информиран дека истрагата се проширува уште кон двајца колеги. Повеќе информации не би можел да дадам“,изјави Бојмацилиев.
Веднаш по инцидентот техничкиот Министер Панче Тошковски рече дека нема да има милост за полициските службеници кои напаѓаат свои колеги нарекувајќи ги срам за службата и за цела Македонија. Најави детална истрага и најстроги санкции.
Истовремено лицето кое е осомничено за нападот е отстрането од тимот кој го обезбедува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа