Украински министер: Разговорите во Саудиска Арабија беа пресвртница за Киев
„Минатонеделните разговори во Саудиска Арабија беа пресвртница за Киев, бидејќи покажаа дека е можно да се добие поддршка од светот за планот на украинскиот претседател Володимир Зеленски да стави крај на војната“, изјави денеска украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.
„Ако сакаме земјата да биде на чело на светската политика, таа мора да биде дел од тие координативни состаноци“, рече Кулеба во интервју за Ројтерс, мислејќи на разговорите во Џеда и малку помалата средба летово во Копенхаген.
Повеќе од 40 земји, вклучувајќи ги Кина, Индија, Соединетите Американски Држави и бројни европски земји, со исклучок на Русија, учествуваа во преговорите во Џеда, каде Киев се обиде да добие широка меѓународна поддршка за клучните принципи за мирен крај на војната во Украина, имено значи повлекување на сите руски војници од Украина и враќање на целата украинска територија под контрола на Киев.
Зеленски претходно истакна дека сака глобалниот самит врз основа на овие принципи да се одржи подоцна во текот на годината. Кулеба рече дека бројот на земји заинтересирани за учество на слични состаноци драстично се зголемил во последните недели.
„Ние сме целосно задоволни од динамиката на тој процес“, рече тој. „Верувам дека состанокот во Џеда беше пресвртница затоа што за прв пат ги собравме земјите што го претставуваат целиот свет, а не само Европа и Северна Америка“, додаде тој.
Русија рече дека е отворена за разговори со Киев, но инсистира дека четирите провинции што ги окупираше минатата година сега се нејзина територија, како и Крим, кој го анектираше во 2014 година. Тоа се услови што Киев нема да ги прифати.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа