Украински дрон уништи моќен руски суперсоничен бомбардер длабоко во Русија

 

 

Моќен руски бомбардер со долг дострел „Ту-22“ е уништен во напад на украински беспилотно летало,  јави Би-би-си, повикувајќи се на слики објавени на социјалните мрежи.  Запален е „Тупољев Ту-22“ во воздухопловната база „Солци-2“, јужно од Санкт Петербург, пренесе Индекс.

Ту-22 може да патува со двапати поголема брзина од брзината на звукот и Русија интензивно го користи за напади врз градовите во Украина. Руското Министерство за одбрана преку соопштение за медиумите објави дека нападот со дрон се случил околу 10 часот по московско време.

Локацијата е наведена како „Воен аеродром во Новгородскиот регион“, токму на местото каде што се наоѓа Солци-2.

21.08.2023 - 22:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега