Украинската Влада ги повика жителите на Бахмут да го напуштат градот

 

Украинската Влада денеска ги повика преостанатите жители на Бахмут да го напуштат градот, за кој со месеци се водат жестоки битки.

- Ако сте разумни, граѓани кои го почитуваат законот и патриоти, мора веднаш да го напуштите (Бахмут), им порача украинската вицепремиерката Ирина Верешчук на останатите неколку илјади луѓе во Бахмут.

Претходно, украинската Влада објави дека во Бахмут загинале пет цивили, а девет се повредени.

Бахмут, град во источниот регион Доњецк, пред војната имаше 70.000 жители, а според Верешчук сега во градот се останати околу 6.000 жители. 

17.02.2023 - 18:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега