Украина склучи договор за извоз на жито со Хрватска: Од Украина преку Дунав низ цела Европа

 

 

Украинското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека ќе извезува жито преку хрватските пристаништа на Јадранското Море, а житото ќе биде доставено до Хрватска преку Дунав, а потоа со железница до јадранскиот брег.

Министерството наведува дека за ова се постигнало договор со Хрватска, пренесува хрватската агенција „Хина“.

Вчера беше соопштено дека Хрватска ги ставила на располагање своите пристаништа на Украина за извоз на украинско жито.

Украина не објави количество жито што би можело да се извезе на овој начин. Со користење на оваа транспортна рута, Украина сака да ја заобиколи руската блокада на Црното Море.

Киев се обидува да го канализира извозот по копнен пат преку ЕУ, но неколку соседни земји како Полска го попречуваат овој транспортен пат.

Многу земјоделци во ЕУ стравуваат од пад на цените доколку украинското жито стигне на пазарот.

01.08.2023 - 19:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега