Украина: Русите планираат да нападнат рафинерија во Белорусија за да ја вовлечат во војна
Украинската служба за безбедност СБУ денеска ја обвини Русија дека подготвува напад со лажно знаме на нафтената рафинерија „Мозир“ во Белорусија со цел да ги обвини украинските диверзанти и да се обиде да ја вовлече Белорусија во војната во Украина, пишува „Скај њуз“.
СБУ наведува дека оваа информација ја добила од повеќе извори, меѓу кои и заробен руски војник, и дека нападот го подготвува диверзантско-разузнавачка група, составена од руски вооружени сили и членови на групата „Вагнер“.
04.08.2023 - 22:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа