УХМР: Утре и во сабота зголемување на дневната температура

Утре и во сабота ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец што ќе услови значително зголемување на дневната температура и забрзано топење на
снежната покривка, информираат денеска од УХМР.

Минималната температура утре ќе се движи од 0 до 8 степени, а максималната од 13 до 17 степни Целзиусови.

Во сабота минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени, а максималната од 13 до 19 степени.

Под влијание на влажен бран во недела ќе има локални врнежи од дожд, а ветерот ќе се промени во северен и долж Поварадрието ќе засилува. Од понеделник температурата повторно ќе се намали.

30.11.2023 - 12:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега