УХМР со предупредување: Попладне невреме со пороен дожд и ветер


Синоптичарите најавуваат дека денеска од пладневните часови, особено во западниот дел и на крајниот исток, времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и појава на град.

- Поради присуство на влажна и нестабилна воздушна маса за време на викендот и на почетокот на следната работна недела во попладневните часови претежно во јужните делови ќе има појава на повремен пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град, велат од УХМР.

Во Скопје и регионот, денеска и во деновите на викендот во попладневните часови ќе има појава на повремено пороен дожд проследен со грмежи и услови во делови од котлината за појава на краткотрајно невреме.

УХМР препорачува поголема внимателност во случај на појава на електрични празнења, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. 

30.05.2024 - 11:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега