Убиството во Тетово се случило пред два дена - таткото оттогаш не го напуштил станот
Во Тетово вечерва околу 18.50 часот во неговиот дом бил пронајден С.Н.(39) без знаци на живот, со прострелна рана во главата.
Како што соопшти МВР, С.Н. живеел со неговиот татко, кој бил пронајден во бессознание и од Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Тетово. Во просторијата каде бил пронајден С.Н., пронајдена е ловачка пушка.
- По преземени мерки и активности за расчистување на случајот, во координација со јавен обвинител, утврдено е дека се работи за кривично дело „убиство” сторено на 31.12.2024, каде по претходна физичка пресметка, М.Н. (65) со ловечка пушка го усмртил неговиот син С.Н, информираат од МВР.
По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа