Убиството во црква на британскиот пратеник е најверојатно терористички чин

Истрагата за убиството на британскиот пратеник Дејвид Емес, кој беше убиен со нож за време на состанокот со гласачите во неговата изборна единица во југоисточна Англија, и е доверена на антитерористичката единица.

„Истрагата е во рана фаза и ја водат антитерористички службеници“, рече на прес-конференцијата началникот на локалната полиција Бен-Џулијан Харингтон.

„Дваесет и петгодишен маж, осомничен за убиството, беше уапсен кратко откако полицијата пристигна на местото на нападот“, соопштила полицијата, додавајќи дека е пронајден и ножот.

„Истражителите ќе утврдат дали станува збор за терористички напад“, додаде шефот на локалната полиција.

Дејвид Емес, конзервативен пратеник (69), бил прободен со нож околу пладне кога напаѓачот влегол во црквата додека Емес се состанувал со гласачите во црквата во Ли-он-Си, шеесет километри источно од Лондон.

И покрај напорите на итните служби, Емес починал на местото на нападот.

Тоа убиство предизвика бес во Велика Британија.

Британскиот премиер Борис Џонсон му оддаде почит на пратеникот Емес и рече дека тој е одличен службеник и сакан пријател и колега.

„Шокирани сме од убиството на сер Дејвид Амес“, рече Џонсон, „убиен во својата црква по речиси 40 години служба на луѓето во Есекс и низ Велика Британија“.

„Дејвид страсно веруваше во оваа земја и нејзината иднина и денес загубивме одличен јавен службеник и сакан пријател и колега“, додал премиерот.

 

15.10.2021 - 23:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа