Убиецот објавил морничава фотографија пред масакрот: Детали за пукањето во средното училиште во САД
Најмалку едно лице го загубило животот, а неколку се ранети во денешниот напад во средно училиште во американската сојузна држава Ајова, јавуваат американските медиуми.
Ен-Би-Си, повикувајќи се на повеќе полициски извори, објави дека напаѓачот починал од прострелна рана што си ја нанел самиот.
Повредени се три лица, меѓу кои двајца ученици и еден вработен во училиштето. Природата на нивните повреди засега не е позната.
Осомничениот вооружен напаѓач е идентификуван, изјави шерифот на округот Далас Адам Инфанти на прес-конференција, но одби да даде дополнителни детали.
Според социјалните мрежи, идентификуваниот напаѓач пред нападот објавил вознемирувачка фотографија и напишал „сега чекаме“ со чуден израз на лицето.
Пукањето било пријавено утринава околу 7:37 часот по локално време, пред почетокот на првиот училишен ден по зимскиот распуст за учениците во средното училиште Пери, во кое има околу 1.785 ученици.
Полицијата реагирала седум минути подоцна и открила луѓе кои страдале од прострелни рани.
„За среќа, во зградата имаше многу малку ученици и наставници, што, според мене, придонесе за добар исход во таа смисла“, рече тој на брифингот со новинарите.
Шерифот додаде дека веќе нема никаква опасност за граѓаните и дека полицијата сега работи на случајот.
Според официјални лица од округот Далас, местото на злосторството во моментов е обезбедено.
На местото на пукањето имало најмалку пет возила за итна помош, пренесува NBC News.
The shooter in Iowa at Perry High School posted this on social media before the school shooting occurred. pic.twitter.com/MDFadymu6C
— Nerdy (@Nerdy_Addict) January 4, 2024
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа