Уапсена Србинка на Богородица, приложила фалсификувана возачка

 

Вчера во 13.00 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници ја лишиле од слобода 39-годишната Р.М.В. од Република Србија затоа што при гранична контрола и проверка било констатирано дека на увид приложила фалсификувана возачка дозвола.

Лицето било спроведено во Основен суд Гевгелија, каде што ѝ била изречена условна казна затвор од една година, доколку во рок од две години не го повтои делото и казна протерување на странец од Република Северна Македонија во рок од две години

11.10.2024 - 12:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега