„Twitter“ ќе воведе неколку нови опции

 

„Twitter“ реши да воведе неколку нови опции, кои се однесуваат на приватноста.

Компанијата за порталот „Mashable“ потврдила дека работи на воведување на неколку нови опции и тоа е нешто што сите корисници го барале.

„Bloomberg“ прв пренесе дека „Twitter“ воведува нови опции а сега тоа од компанијата го потврдија преку меил за сајтот „Mashable“.

За што станува збор?

Не е некоја револуција но е она што луѓето го барале.

„Twitter“ сега автоматски ќе ги сокрива старите објави а корисниците сами ќе кожат да одредат временски период после кој објавите ќе бидат сокриени. Само корисниците на профилот ќе имаат пристап до старите објави кои по желба можат повторно да ги направат видливи за останатите.

Исто така корисниците ќе добијат и можност сами да отстранат некои следбеници.

По примерот на останатите социјални мрежи, „Twitter“ че воведе и опција за сокривање на лајковите. Корисниците ќе можат да го сокријат бројот на лајкови односно фејвови, како што се нарекуваат на оваа социјална мрежа.

„Twitter“ тоа ќе го тестира во наредната недела а се уште не е познато како и кој ќе ја добие таа опции.

 

03.09.2021 - 23:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега