Турскиот парламент во октомври ќе одлучува за влез на Шведска во НАТО

 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека ќе ја проследи ратификацијата на кандидатурата на Шведска за НАТО до парламентот наесен по завршувањето на летниот одмор, додавајќи дека очекува Стокхолм да преземе некои чекори против тероризмот во замена за ратификација.

Анкара ја одложува ратификацијата со месеци, обвинувајќи ја Шведска дека прави премалку за луѓето кои ги смета за терористи, од кои повеќето се членови на забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК). Но, во неочекуван пресврт, Ердоган во понеделникот се согласи да го проследи барањето за прием на Шведска во НАТО до парламентот.

Летниот распуст во турскиот парламент почнува на крајот на неделата, а повторно ќе се состане во октомври.

„Кога повторно ќе се отвори, верувам дека нашиот претседател на парламентот ќе го стави ова на гласање меѓу меѓународните договори. Примарното место на одобрување е парламентот, а потоа ќе дојде кај мене на одобрување“, рече Ердоган на прес-конференција по самитот на НАТО во Вилнус.

12.07.2023 - 21:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега