„Турски лекари ѝ ги зеле парите на ќерка ми и ја оставиле да умре: млада Британка почина во Белград поради компликации
„Српските лекари ми кажаа дека ова е трет случај на авион со британски пациенти што итно слетуваат во Белград поради компликации по естетските зафати извршени во странство“, открила мајката на 20-годишната Морган Рибеиро, која почина во болница во Белград по извршена операција на желудник во Истанбул.
Ожалостената мајка на младата Британка, која почина по неуспешната операција за слабеење, обвини клиника за естетска хирургија во Турција дека ѝ „зела пари и ја оставила да умре“.
Авионот на летот Истанбул – Лондон принудно слетал на белградскиот аеродром пред десетина дена бидејќи на еден од патниците му се слошило, односно се работело за Британката Морган Рибеиро.
Млада Британка полета за Турција за да се подложи на операција на желудникот поради тежината. Но, 20-годишната девојка од јужен Лондон почина од компликации во српска болница откако мораше итно да слета во Белград на повратен лет за Британија кога одеднаш ѝ се слошило.
Ерин Гибсон, мајката на Морган, остро ја критикува клиниката за естетска хирургија во Турција затоа што ја отпуштила ќерка ѝ од болница во Истанбул само три дена по неуспешната операција додека страдала од инфекција.
Како што изјавила за „Дејли мејл“, ниту една мајка не треба да ја преживува болката низ која поминува.
„Морган платила 2.500 фунти на компанија во Швајцарија, но операцијата била извршена во Турција. Ја уништија со операцијата. Кога авионот принудно слетал во Србија, тамошните лекари констатирале дека за време на операцијата ѝ е дупнато тенкото црево. Покрај тоа, доби и инфекција“, рекла Ерин.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа