Турчин прегазил скопјанка на паркинг во Скопје


Вчера во 17.40 часот било пријавено дека во Скопје на паркинг простор на ул.„Петре Георгиев“ патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.М.(34) од Р.Турција, удрило во М.Ќ.(77) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ќ., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

25.03.2024 - 11:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега