Тројца од министрите имаат вработени роднини во М-НАВ
Тројца министри од сегашната Влада имаат вработени нивни роднини во Македонската навигација, М-НАВ, објави „Код“ на ТВ Телма. Внукот на министерот за земјоделие Љупчо Николовски, сестрата на Бујар Османи и снаата на вицепремиерот Артан Груби, како и други роднини на поранешни министри и пратеници се вработени во М-НАВ.
Османи изјавил дека неговата сестра таму работи веќе 15 години, а Николовски кажал дека неговиот внук е високостручен и професионален кадар и оти се школувал во Кина, Јапонија, дипломирал во Словенија, и дека е дел од кадарот кој Македонија требала да се бори да ги задржи.
Во „Код“ беа споменати и други работи како на пример тоа дека против менување на директорите на М-НАВ биле министрите Османи и Бектеши кои му велеле на Ковачевски дека со менувањето на директорите, тоа ќе изгледа како попуштање на синдикатот на контролорите, а тој пак им рекол дека тоа е состојба која бара итно решавање заради воздушниот сообраќај и меѓународните обврски на државата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа