Трите повредени лица од сообраќајката кај Росоман се пренесени на клиниките во Скопје

 

Трите тешко повредени лица во страотната несреќа кај Росоман, од болницата во Кавадарци, биле препратени во Клиничкиот центар во Скопје, соопштија надлежните власти. 

Од полицијата пак, како што информиравме и пред малку, ги дадоа деталите за случената сообраќајна несреќа. Двете загинати лица се прилепчанец и светиниколчанка.

„Во Полициската станица Кавадарци,утрово околу 6:30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп – Росоман, кај место викано „Камен Дол“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило марка „фиат добло“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.Ѓ.(55) од Прилеп и патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(61) од Свети Николе. Малку подоцна, на истото место, патничко возило „даеву матиз“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(55) од Свети Николе, удрило во комбе „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И.(52) од Скопје, кое претходно излегло од коловозот за да ги избегне двете возилата кои учествувале во несреќата“, изјавија од полицијата.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот К.Ѓ. и сопатничката во возилото „голф“, С.С.(55) од Свети Николе. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кавадарци.

Со тешки телесни повреди се здобиле возачите Љ.С. и С.С., како и сопатничка во возилото „матиз“, О.С.(54) од Свети Николе кои биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на несреќата изврши Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Кавадарци.

10.08.2023 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега