Три скопски општини по неколку часа ќе бидат без струја
Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Ѓорче Петров, Карпош и Сарај, соопштуваат од РЦУК – Скопје.
Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од населеното место Блага Вода, Стопански Двор, Општина Ѓорче Петров.
Во периодот од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе останат корисниците од селата Горно Нерези и Крушопек, Општина Карпош и Сарај.
26.10.2022 - 09:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа