Три скопски населби остануваат без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по информација од „ЕВН“, известува дека поради планирани зафати во електро-дистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија ќе останат делови од општините Аеродром, Бутел и Карпош.
Од осум до 16 часот, без струја ќе бидат делови од улиците „Тодор Чангов“, „Богомилски поход“ и „Благој Мучето“ во општина Аеродром, додека во период од девет до 11 часот ќе останат делови од „Бутелска 13“ и „Бутелска“ – крак „Серава“ во општина Бутел.
Исто така, од девет до 13 часот, дел од корисниците во општина Карпош во Градски парк кај Институт за стока и риби.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа