Три активни случаи на голема кашлица во земјава: Вкупно регистрирани 7

 

Вкупно седум случаи на голема кашлица се евидентирани во државата. Во моментот, активни се три случаи, останатите се сметаат за незаразени.

Портпаролот на Комисијата за заразни болести Злате Мехмедовиќ во изјава за МИА вели дека од активните случаи две се деца и еден возрасен пациент кој е хоспитализиран на Инфективната клиника.

Комисијата за заразни болести ќе се состане следната среда, на 7 февруари, кога ќе ја разгледа состојбата со грипот и големата кашлица. 

Надлежните апелираат на вакцинација како најбезбедна заштита. 

- Вакцинацијата е најбезбедната, најсигурната и најефикасната заштита од магарешка кашлица и од сите други болести за кои постојат вакцини, изјави претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски во изјава за МИА дадена во јануари.

Според министерот за здравство Фатмир Меџити, крајно време е да се смени менталниот склоп и да се вакцинираат децата.

Во соседна Србија зголемен е бројот на заболени од голема кашлица. Според српските медиуми, во Белград најголем број од новозаболените од 22 до 28 јануари, се деца на возраст од 10 до 19 години. Неколку бебиња во Србија ја изгубија битката со оваа болест.

Големата кашлица е заразна и лесно пренослива болест. Првите симптоми се слични на симптомите на настинка и се појавуваат околу девет до десет дена по инфекцијата. Тешките напади на кашлање доаѓаат подоцна и оваа болест е подолготрајна. Најчесто заболуваат мали деца и бебиња, но може да се заразат и возрасни

02.02.2024 - 15:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега